Грција под вода
Големо невреме вчера ја зафати Грција. Поројните дождови беа најобилни во Атина каде многу улици се уште се под вода. Поплавени се приземја на некои згради и куќи, како и повеќе продавници. Постепено се нормализира и сообраќајот кој во некои делови на градот беше во прекин неколку часа.
Бурата го парализира и сообраќајот во градот Патра. Некои населчени места се уште се без електрична енергија.
Поројните дождови во некои области на Пелопонез ги претворија улиците во езера. Повеќе паркирани автомобили се одвлечени од силниот притисок на водата.
Во северна Грција нема проблеми од невремето.
Синооптичарите до крајот на седмицата повторно очекуваат поројни дождови со бури. Сообраќајната полиција предупреди да не се патува во областите погодени со поплави
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа