Еве во чии раце отидоа наградите „13-ти Ноември“ во областа на спортот

Наградите „13 Ноември“ денеска во вид на плакети и дипломи на свечена седница во фудбалската федерација на Македонија беа врачени на заслужни спортски работници, тренери екипи и професори по физичко воспитување за работа во училишниот спорт.

Наградата за спортски новинар замина во рацете на Горан Милковски од МРТВ, а во категоријата тренери, добитници се Руждија Калач, тренер на боксерски клуб „Скопје“ и Индира Кастратовиќ, тренер на РК „Вардар“. Во категоријата училишен спорт наградени се Салајдин Зекир од основното училиште „Тефејуз“ од Скопје и Марјан Стојановски од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје, додека  Филип Миркуловски од „Металург“ и член на ракометната репрезентација ја доби наградата во категоријата „Спортист“, а во категоријата „Екипа“ награден е машкиот ракометен клуб „Вардар“ за извонредни резултати во Лигата на шампионите на Европа. Наградата во категоријата  „Општественик и поддржувач на спортот“ ја добија Вуица Живковиќ, декан на Факултетот за физичка култура, Александар Пујовски, директор на Агенцијата за млади и спорт и Велимир Стојковски, ректор на УКИМ.

За најдобар спортски работник е прогласен професорот Александар Туфакчиевски за вонредно залагање, помош и поддршка што ја дава за развојот на училишниот спорт во Скопје.

За спортски работници за животно дело наградени се Добре Димовски, фудбалер, тренер и селектор, Димитрија Поповски, спортист, спортски работник, тренер и селектор и Андон Дончевски, тренер на ФК „Вардар“  со кого ја освои шампионската титула и Купот на Југославија и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација.   

Наградата „13 Ноември“ се доделува од 1970 година, а досега ја имаат добиено повеќе од 7.000 луѓе.

12.11.2013 - 14:35
Фото: 
онлинештип

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега