Радосна вест за пензионерите - и оваа година бесплатно на бања

 

Шефот на Владата, Никола Груевски денеска информираше дека и идната година пензионерите бесплатно ќе одат на бања.

Премиерот информираше дека досега 20.000 пензионери ја имаат искористено оваа можност бесплатно да одат на бања.

- 20.000 пензионери ја искористија оваа можност, а за следната година повторно имаме планирано 30 милиони денари, што значи дека околу 5.500 лица ќе можат да ги искористат бањско-рекреативните центри, потенцира премиерот Груевски.

Тој посочи дека неколкупати разговарал со пензионерите и дека се презадоволни од оваа мерка.

-Тоа ни даде мотив, иако првично не замислувавме мерката толку долгорочно да трае, да продолжиме затоа што има позитивно влијание на здравјето на пензионерите. Од таа гледна точка и следната година 5.500 пензионери ќе можат да заминат на бесплатно бањско лекување кое е пропратено и со лекарски третман за време на престојотза кој се платени сите трошоци.

12.11.2013 - 15:14
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега