Димовски: И земјоделците треба да водат сметка за да бидат чисти каналите

До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава, најави денеска министерот Љупчо Димовски.

- Во периодот што следи, веднаш по смирувањето на хидролошката ситуација, почнуваме со интезивно чистење на предвидените каналски правци. Планираните 104 километри се реално изводливи и цениме дека ќе ги завршиме до крајот на септември или почетокот на октомври, изјави Димовски по работната средба со претседателите на Сојузот на земјоделците и на Аоцисјацијата на земјоделци, Вељо Тантаров и Евтим Шаклев.

- Исчистени се најкритичните каналски правци. Но, има земјоделци кои не се доволно совесни и често се случува дел од каналите за релативно краток период, две до три години, повторно да ги чистиме. Други, пак, кај што се самите насипи, се уништени од неодговорни лица кои го земаат материјалот за други цели, а не за она за што е наменет, за каналскиот систем, посочи министерот.

- Исплатата ќе се усогласи со потребите на земјоделците, ќе има поместување нанапред, не подоцна што секако ќе зависи од кондицијата на Буџетот која во овој период е добра. По Нова Година стартувавме со поголема динамика на исплата за да се задоволат барањата и очекувањата на производителите. Но, ќе треба да се направи соодветен план за исплата по мерка, односно тогаш кога субвенциите се најпотребни за земјоделците и покрај утврдениот законски рок зашто секогаш е најдобро нивната реализација да оди кога е најкорисна, нагласи министерот.

Во текот на разговорите кои се вид подготовка за претстојната седница на Агросоветот, е отворено и прашањето за изградба на патишта до пасиштата и поила за добитокот. Плаќањето на водниот надомест исто така беше една од темите. 

ФОТО:Влада 

најчитано сега