СДСМ: За да не се повтори 24 декември да не се исфрлаат пратеници од Собранието

 

 

СДСМ денеска реагираше на изјавата на премиерот Груевски опозицијата да не ги повтори настаните од 24 декември и да извлече поука од минатото.

- Ако некој сака да не се повторат минатогодишните настани во Собранието, тоа е СДСМ и нејзината пратеничка група. СДСМ е подготвена за суштинска дебата и за соочување со факти и аргументи околу  расипничкото трошење буџетските пари, и, како и секогаш за работа согласно собранискиот Деловник, Законот и Уставот, велат од СДСМ и додаваат дека се што треба да стори власта за да не се повтори ланскиот 24 декември е Груевски, Вељаноски, Ставрески и Јанкулоска да не посегнат по исфрлување пратеници и новинари од Собранието. 

12.11.2013 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега