Совршена за летниот период: Маска за лице која ги намалува знаците на стареење и го враќа сјајот на кожата
Во текот на летниот период на кожата ѝ е потребна дополнителна нега, а оваа маска ќе ѝ го врати изгубениот сјај. Се користи еднаш неделно, а лицето веднаш станува посвежо и поблескаво.
Кога следен пат ќе пиете кафе, не го фрлајте талогот бидејќи тој може да послужи како козметички препарат.
Добро е познато дека кафето е состојка која се користи во козметичката индустрија, а тоа јасно говори колку е тоа добро за кожата. Кафето изобилува со антиоксиданси кои се заслужни за младешкиот изглед на кожата.
Со редовната употреба на оваа маска за лице можете да ги ублажите знаците на стареење и да го вратите сјајот и еластичноста на кожата.
За подготовка ви се потребни следните состојки:
- 2 лажички мелено кафе
- 2 лажички какао во прав
- 3 лажички полномасно млеко или јогурт
- 1 лажичка мед
Примена:
Добро измешајте ги сите наведени состојки и нанесете ја смесата на лицето. Нежно измасирајте за подобра циркулација, а потоа оставете ја да отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода и продолжете со вашата секојдневна рутина за нега на кожа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа