Популарната пејачка се поднови- Адел купи уште една куќа од 10 милиони долари

 

Поп-ѕвездата Адел плати 10 милиони долари за нова куќа во Беверли Хилс, која се наоѓа на истата улица како и двете што веќе ги поседува.

Куќата со четири спални и четири бањи, претходно во сопственост на Никол Ричи и Џоел Меден, е во непосредна близина на куќата каде моментално живее со осум- годишниот син Анџело.

Новокупениот имот има простран двор со голем тревник, базен и џакузи.

Според медиумите, вредноста на недвижниот имот на Адел, односно на трите куќи во Беверли Хилс, се проценува на 30 милиони долари.

Макфакс

 

19.07.2021 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега