Пријавил бомби на неколку места во Охрид - уапсен ресенчанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од селото Горно Крушје, ресенско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, а надлежен судија му одреди мерка притвор.
Како што информира МВР, пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид.
22.07.2021 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа