Велес го одбележа денот против фашизмот

Денеска во Младинскиот парк во Велес, се одржа традиционална богата и содржајна програма наменета за сите граѓани, по повод одбележувањето на 9 мај Денот на ЕУ. 

На свеченоста се обрати градоначалникот на Велес Славчо Чадиев истакнувајќи дека општина Велес повеќе од десет години ја изразува својата волја за влез во ЕУ.

- Никогаш досега Македонија не била поблиску до својата цел-членство во големата заедница на народите и без оглед на тоа што формално се уште не сме членка на унијата. Вратата кон Европа за нас е широко отворена преку визната либерализација, користењето на европските фондови и подадената рака за помош и пријателство, потенцираше Чадиев.

Според првиот секретар на Романската Амбасада во Македонија Октавие Сербан без оглед на нивото на односите помеѓу една земја и ЕУ, дефинирачка е состојбата на духот која доминира. Од оваа гледна точка, рече тој, цврсто верувам дека Република Македонија е веќе во Европа заради минатото на ово тло,убедувањата и аспирациите на овој народ и нејзината решеност да ги достигне своите цели.

- Бидете горди дека сте европејци и не зборавајте една работа, не треба да се откажете од сопствениот идентитет за да се „европеизирате“,затоа што ЕУ е слободно здружувење на народите,придонесот на вашата земја е исто толку важен колку и на Германците,Британците,Французите или Романците, рече на свеченоста првиот секретар на Романската Амбасада во Македонија Октавие Сербан.

На програмата што следеше со свои точки, песни и игри од различни земји на ЕУ се претставија основците од училиштата од градот и некои од селата. Основци и средношколци од градот заедно со своите професори на посебно уредени штандови со флаери, карти брошури и специјалитети ја претставија ЕУ, а посебно и некои од земјите на Европската Унија како Германија,Полска, Шпанија, Романија и други. 

најчитано сега