Дали вакцините против коронавирусот ја намалуваат плодноста и колку се безбедни во бременост
Податоците кои досега се добиени од истражувањата за вакцините и нивното влијание врз плодноста, не покажуваат ниту еден негативен ефект, додека самиот ковид-19 е причинителот кој може да доведе до овие несакани проблеми, пишува Scientificamerican.
Гласините и митовите за ефектите кои следат од вакцината против ковид-19 поврзани со неплодноста, по социјалните мрежи се шират брзо како делта варијанта на вирусни дезинформации.
Сепак, досегашните студии не ги поврзаа вакцините со проблеми при забременување, менструални циклуси, ерекција или квалитет на спермата, но доказите покажуваат дека ковид-19 може да биде причинителот за вакви проблеми.
Здравствените власти се обидоа да ја намалат загриженоста кај јавноста со објаснување дека податоците од клиничките испитувања и стотици милиони вакцинации ја поддржуваат безбедноста на вакцините.
Американски научник разговараше со четворица експерти за репродуктивна и сексуална биологија за распространетите митови, доказите против нив и вистинската штета на здравјето кај луѓето, предизвикана од ковид-19.
Ова се серија заклучоци кои се извлечени врз база на испитување луѓе кои се заразиле со ковид и луѓе кои ја примиле вакцината.
Вакцинацијата не е поврзана со негативни ефекти врз бременоста, додека ковид-19 е вистинска закана.
Центрите за контрола и превенција на болести во САД дадоа препораки на почетокот на август дека жените кои се бремени или дојат, треба да ја примат вакцината против ковид-19.
Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи на Британија овој месец откри дека не постои причина да се сугерира дека која било од вакцините против ковид-19, што се користат кај нив го зголемува ризикот за вродени аномалии, неплодност или компликации при раѓање. Бремените жени пројавиле исти реакции по вакцините, како и луѓето кои не се бремени.
Тара Ширазиан, вонреден професор и гинеколог вели дека ако се заразени со вирусот, бремените жени се изложени на висок ризик од тешки заболувања и компликации од ковид-19, во споредба со другите луѓе кои се наоѓаат на иста возраст со нив.
– Луѓето треба да ја искористат можноста да се вакцинираат пред да забременат, но вакцината е безбедна во сите три тримесечја од бременоста – вели Мери Росер, директорка за интегрирано здравје на жените на Одделот за акушерство и гинекологија во Колумбија.
Во почетокот на август, 22 медицински групи изјавија дека најдобриот начин бремените лица да се заштитат од потенцијална штета од инфицирање со ковид-19 е да се вакцинираат.
Стресот може да биде одговорен за проблеми со менструалниот циклус по вакцинацијата, а и самото заболување од ковид-19.
Некои вакцинирани жени пријавиле дека имаат проблеми со нивниот месечен менструален циклус, а ова е информација која Росер ја демантира.
Ништо од вакцините не е причина за појава на вакви нарушувања, а експертите се согласуваат дека најверојатно, индиректен фактор е стресот.
Примањето вакцина е само по себе стресен миг, а и многу други видови стресни фактори можат да влијаат врз менструалниот циклус, вели Ширазијан.
Добрата вест, вели Росер, е дека сите менструални ефекти се чини дека се минливи.
– Разговарав со доволно жени во последните осум месеци и се чини дека како и да е, тоа трае кратко – вели таа.
Додека, пак, некои докази укажуваат дека ефектите по прележување на ковид-19 можат да влијаат врз менструалниот циклус.
Мала студија објавена во септември, а направена на 117 жени кои прележале ковид, покажа дека 28 отсто од нив, доживеале нарушување на менструалниот циклус, вклучувајќи помалку крварење и подолг циклус.
Смите заболувања, исто така, се стрес, вели Росер.
– И покрај сите нарушувања на менструалниот циклус што може да следат по вакцинацијата, 100 проценти е полошо да имате ковид, ако треба да изберете меѓу двете – вели Ширазијан.
Вакцините не го загрозуваат квалитетот на спермата и еректилната функција, но ковид-19 го прави тоа.
Ранџит Рамасами, директор за репродуктивна урологија на Универзитетот во Мајами, објави неколку студии кои го опишуваат влијанието на вирусот врз еректилната дисфункција.
– Ковид-19 влијае на крвните садови кои ги снабдуваат органите, а пенисот не се разликува многу од другите органи за кои е потребна многу крв – вели тој.
Она што било за нив изненадувачки е присуството на овој вирус во ткивото на пенисот дури девет месеци по инфекцијата.
– Овие резултати беа од мала студија на луѓе со импланти на пенисот, поради тешка еректилна дисфункција. Се чини дека богатото снабдување со крв во пенисот обезбедува пат за вирусот до овие ткива – вели Рамасами.
Тој и неговите колеги ги разгледале и можните несакани ефекти кои ги има вакцината во овие области, но не откриле штетни промени во бројот на сперматозоиди и други мерки за плодност по вакцинацијата.
– Еден од најголемите митови со вакцината беше дека може да влијае на плодноста – вели тој.
Како и да е, сите експерти ја имаат истата порака: клучот за заштита на репродуктивноста е луѓето да се вакцинираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа