Стурнарас во Брисел ќе ја брани економската политика на Грција

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас денеска во Брисел ќе се обиде да ги убеди членовите на еврозоната дека Грција е неправедно критикувана од страна на нејзините кредитори. Toj ќе ја информира Еврогрупата , заедно со функционерите од тројката, за последната проценка на програмата за прилагодување.

 Извори од Министерството за финансии за весникот „Катимерини“ изјавиле дека Стурнарас ќе ги потсети неговите колеги оти Грција има преземено фискални мерки во износ од повеќе од 60 милијарди евра, или 30 отсто од БДП, од почетокот на програмата во 2010 година и има завршено голем број значајни реформи.

Весникот коментира дека Стурнарас ја носи тежината на очекувањата од грчката Влада, која се уште е загрозена од потенцијални политички превирања и покрај тоа што го преживеа гласањето за недоверба во грчкиот Парламент кое го иницираше Сириза. 

14.11.2013 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега