Конечно ја „доби војната“- Северина пресреќна објави фотографија со синот
Северина вчера потврди дека судот во Сплит донел одлука да и го врати старателството над нејзиниот деветгодишен син Александар, а денес пејачката сподели фотографија на која позира со него во прегратка.
„Љубовта се враќа со љубов“, напиша Северина покрај фотографијата на која го гушка својот син на лежалка.
Објавата собра речиси 20.000 лајкови за само неколку минути.
„Тоа Сева кралица, се избори. Секој чест лавице“, „Секој чест Северина, ти си најсилната жена на светот“, „Пресреќна сум за тебе“, „Мајка е мајка“, се само некои од коментари под објавата.
За потсетување, Северина вчера ја објави пресудата.
– Пресудата вели дека никогаш немало причина да ми го одземат моето дете. Мрежата на добро воспоставени лица во центрите, судовите, во специјална нега и некои поликлиники ми дадоа 20 месеци тага и 8 години судски пекол. Знам дека не е готово, но знам и дека детето се враќа дома барем половина време. Битката е добиена и ви благодарам на сите што сте со мене, кои веруваа во системот и чесноста, а корупцијата, се надевам, ќе биде разоткриена насекаде во овој и слични случаи – рече Севе меѓу другото.
Отсега Александар ќе поминува половина од времето со неа, а половина со неговиот татко Милан Поповиќ.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа