Вардар владее со ракометно Скопје
Ракометарите на Вардар го совладаа Металург во рамките на Лигата на шампионите. Црвено црните славеа во меч каде Металург само формално беше домаќин, бидејќи освен песната од звучниците, во салта се слушаа само Комитите. На крајот, резултатот на семафорот беше 27:22.
Најдобар поединец на мечот беше Тимур Дибиров кој постигна 8 гола и може да се каже дека му наби комплекс на најдобриот голман во светот Дарко Станиќ со неолку голови од неверојатни крилни позиции. Одличен меч имаше и Карачич кој постигна 7 гола. Белскаше и голманот на Вардар Страхиња Милиќ.
Во Металург единствена светла точка беше Павел Атман кој постигна 7 погодоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа