Се симнале кај џамијата повредиле и девојче - детали за тепачката во Ченто

 

Десетината лица кои попладнево влегле во автобус нa ЈСП со број 45 биле масикрани и вооружени со дрвени палки. Според нефоцијалните информации до кои дојде Press24 тие биле добро организирани. Влегле во автобусот и почнале да тепаат се пред себе. Кога автобусот пристигнал кај џамијата, тие излегле и побегнале во непознат правец. Според првичните и нефоцијални информации, меѓу повредените има и девојче. Станува збор за средношколци од Стајковци и околните села. 
Ваквата ситуација предизвикала огромен револт меѓу граѓаните. Тие излегле на улица и го блокирале патот кој води до селото Стајковци. Бараат од полицијата да превземе мерки бидејќи нивните деца често се соочуваат со насилници додека се враќаат од училиште.
Нема информации за какви пореди станува збор и колку се тие сериозни.

14.11.2013 - 22:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега