Денеска славиме голем празник - се верува дека овој ден е добар за договарање на свадби и веридби

 

Сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајка Богородица се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувањата и ритуалите од народната религија. 
Православната црква го прославува 28 август како спомен на смртта на Богородица на денот кога таа се вознела на небото и „го предала својот дух во рацете на Спасителот“.
Успение на Пресвета Богородица спаѓа во редот Богородични празници, на кој му претходи двонеделни пост.
Преданието вели дека Мајката Божја живеела 60 години и дека била сведок на многу славни случувања во врска со ширењето на верата во Исус Христос.
Голема Богородица во многу семејства се прославува како семејна слава, а често е и црковна, или селска слава.
Затоа сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајка Богородица се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.
Според верувањата, во периодот помеѓу две Богородици, или периодот на преминот, важно е да направат обреди со кои се изразува благодарност на Богородица, заштитницата на жените, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и стоката.
За празниците Голема и Мала Богородица обичај е особено жените да почитуваат голем број забрани, кои се однесуваат на обавување работа низ домот и околу домот. Па, на верниците им се препорачува да не обавуваат куќни работи , а ова особено важи за жените. За празникот Успение на Пресвета Богородица, исто така не е добро ништо да се работи со рацете, или да се започне нова работа.
Прославување на Голема Богородица се пропратувало со саеми на кои луѓето во празнично расположение се собирале поради запознавање, дружење или тргување. На саемите момчињата и девојките се запознавале, играле оро, а тука најчесто се договарале и свадби.
Пресвета Богородица, според верувањето на луѓето е заштитница на болните, па за Голема Богородица многу болни луѓе се одведуваат на изворите со лековита вода да се замијат.
Во минатото се одржувале бдеења во храмовите, или над изворите со вода и тогаш се кажувале молитви за оздравување од болки во коските и очни болести.  

21.09.2021 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега