Д-р Докиќ: Дел од младите избегнуваат да се тестираат за да одат по ресторани и кафулиња
Помладите граѓани одбиваат да прават ПЦР-тестови за ковид-19 во здравствениот систем, поради страв дека позитивниот тест ќе значи изолација и нема да можат да излегуваат, рече пулмологот Дејан Докиќ во гостувањето на Канал 5 вечерва.
„Ако се тестираат позитивни и бидат регистрирани, тие ќе бидат во изолација и нема да можат да одат во кафулиња и ресторани. Меѓу младите таа работа е многу присутна, ова го говорам од лично искуство. Еден дел од нив, приоритет им е да не бидат во изолација“, рече Докиќ.
24.09.2021 - 22:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа