"Сахара Груп" очекува промет од 2 милијарди евра

 

Сахара Индија Груп на гигантот Субрата Рој од своjoт малопрадажeн синџир на продавници Кју Маркети, следните години очекува промет од 2 милијарди евра. 

Сахара се обрати на медиумите за време на отворањето на Quality Mobile Shop. Субрата Рој истакна дека во следните 4 години, очекува обрт од скоро 2 милијарди евра.

„Продолжувајќи напред, ќе отвориме наши продажни места и во Бангладеш“, додаде сопственикот.

Инаку, Сахара Индија со своите Кју маркети е влезена во Гинисовата книга на рекорди со отворање на 315 продавници во 10 региони во Индија само во еден ден.

15.11.2013 - 10:21
Фото: 
lider.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега