СДСМ се премисли за екстерното тестирање

Дека опозициската СДСМ сеуште нема јасна и прецизна програма говори фактот дека најавените проекти многу лесно се менуваат. Па, така и вчера претставувајќи ја новата програма, СДСМ најави контрадикторни ставови по однос на екстерното тестирање во образованието.
Пред два дена Зоран Заев на промоцијата на мерките за образование кои се составен дел од новата програма на СДСМ изјави “Втора мерка е укинување на екстерното тестирање. Ќе се укинат  казнените одредби од законите како и оценките од ваквото тестирање", а само по еден ден неговата сопартијка и пратеничка Билјана Казанџиска излезе со сосема спротивен став во однос на екстерното тестирање “Екстерното тестирање ќе постои, но нема да биде стресно за учениците и за наставниците”
 
Случајот со екстерното тестирање не е единствен. Вакви контрадикторни изјави имаа и   потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов и претседателот Зоран Заев за проектот на поврат на ДДВ. Тогаш едниот кажуваше дека едно семејство ќе добива поврат од 20-30 илјади денари годишно, а другиот велеше дека секој граѓанин ќе добие толкава сума за една година. Ова ја отвора дилемата дали соработниците на Заев  не ја знаат партиската програма на СДСМ, или некој намерно му дава погрешни информации на претседателот на СДСМ со кои овој излегува во јавноста.
 
15.11.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега