Владина делегација се запозна со плановите на глобални компании од Кливленд

 

 

Неколку глобални компании од околината на Кливленд денеска се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Вицепремиерот Владимир Пешевски заедно со владина делегација ги запознал компаниите со бизнис-потенцијалите на Македонија.

Вицепремиерот Пешевски, заедно со министерот за странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, генералниот конзул во Чикаго Јакуп Реџепи и економскиот промотор Дејан Величков, вчера во Кливленд на бизнис форум ја презентираа економската состојба на земјата, нејзиниот инвестициски потенцијал, како и поволностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони за инвеститорите.

Форумот беше реализиран во соработка со неколку стопански комори, а на него присуствуваа претставници на локалната бизнис заедница, компании од регионот и институции заинтересирани за инвестициските можности во Македонија.

Од Кливленд делегацијата продолжува кон Индијанаполис каде ќе се одржи следниот бизнис форум. 

 

 

15.11.2013 - 14:20
Фото: 
вмро-дпмне.орг

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега