(ФОТО) Ретката генетска аномалија, Венус – „мачката со две лица“
Благодарение на ретката генетска аномалија, Венус – „мачката со две лица“, се разликува од другите миленичиња… Имено, покрај нејзиното лице во две бои, и очите исто така ѝ се различни.
Некои од следачите мислат дека фотографиите од оваа мачка се лажни, но нејзините сопственици Кристина и Крис го порекнуваат ова тврдење. На Инстаграм, во име на Венус, тие велат: „Јас сум 100 отсто природна. Не носам шминка, ниту молив за очи… Во мојот салон за педикир, Фотошоп и спреј-бои не се дозволени.”
Оваа мачка е пронајдена 2009 година во Северна Каролина (САД), а денес има два милиони следачи на Инстаграм.
Комбинацијата на две бои крзно кај мачките се нарекува „химера“. Може да се појави со спојување на две оплодени јајце-клетки или два рани ембриони во еден организам. Така, животното поседува две генетски различни „наследства“ од различни зиготи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа