Пристигнуваат честитки од сите страни: Српскиот актер Андрија Милошевиќ започнува ново подглавје од својот живот

 

Честитките за познатиот српски актер Андрија Милошевиќ доаѓаат од сите страни, а има и зошто. Актерот ќе стане татко, го очекуваат своето прво бебе, заедно со неговата понежна половина Александра Томиќ.

Сите им честитаат за прекрасните новости.

„Кога дознаа дека ќе станат родители, Андрија и Сандра скокаа од радост. Тоа беше нивна голема желба, која сега им се исполни. Многумина веќе предвидуваат дека ќе бидат грижливи родители, а тоа може да се види кога си играат со децата на нивните пријатели. Сандра одлучи да се повлече од театарот за да се посвети на бременоста. Среќната вест им ја кажаа само на најблиските“ – изјавил извор близок на парот, за весникот „Блиц“.

 

07.10.2021 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега