Докторите откриваат: Ова масло ќе помогне во битката со откажување со цигарите
Консумацијата на рибино масло во форма на омега-3 масни киселини може да ви помогне да се откажете од цигарите, тврди д-р Шарон Рабиновиц Шенкар од Универзитетот на Хаифа, Израел.
Истражувањата покажаа дека пушачите кои консумирале одредена количина омега-3, пушеле 10 отсто помалку цигари, односно почнале да чувствуваат помала желба за пушење. Потоа следела споредба со група испитаници подложена на плацебо ефект, кај кои немало намалување на бројот испушени цигари на ден. Недостигот на омега-3 масни киселини често се сретнува кај хроничните пушачи.
Кај човекот тоа води до оштетување на нервните клетки и врската меѓу нервите во делот на мозокот којшто е одговорен за контрола на потребите.
Тој своевиден прекин на доток информации пак, влијае на потребата од цигари. Д-р Шенкар смета дека резултатите од експериментот покажуваат дека омега-3 масните киселини се „наш сојузник при откажувањето од цигарите“ и оти, за разлика од други средства, тие не предизвикуваат несакани појави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа