ЖРК Вардар со победа се враќа од гостувањето кај Ларвик - прво место на табелата

 

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ постигнаа победа на гостувањето кај европскиот вицепрвак Ларвик со 31:29 (15:15). Со овој триумф „вардарки“ го освоија првото место во групата Д од Лигата на шампионите со 11 бодови, пред Ларвик со 9.

По изедначеното прво полувреме, ракометарките на Вардар СЦБТ на почетокот на вториот дел направија серија од 6-1 и поведоа со пет голови разлика (21:16). Домашните ракометарки во неколку наврати намалија, но разликата беше секогаш два и повеќе разлика за македонскиот шампион.

Во редовите на тимот на Индира Кастратовиќ најефикасна беше Јованка Радичевиќ со 7 голови (6 во вториот дел), Татјана Хмирова постигна 6. Ина Суслина натпреварот го заврши со 12 одбрани, а Андреа Лекиќ играше само во второто полувреме.

Ракометарките на Вардар СЦБТ изборија пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, а натпреварите ќе се играат напролет

16.11.2013 - 22:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега