Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев
Овој Јаков му беше брат на апостолот и евангелистот Матеј. Еден е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението.
По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет.
Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво.Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците.
22.10.2021 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа