Јапонија: Принцезата се откажа од целото наследство, само за да биде со својот сакан
Оваа ситуација се нема случено дури од Втората светска војна бидејќи е многу невообичаена. Јапонската принцеза Мако, одлучи да се венча за својот љубен, кој е обичен граѓанин, а таа има големо наследство.
Правило во царско семејство е дека женските членови го губат целото свое наследство доколку се венчаат со обичен жител, но тоа не важи и за машкото.
Оваа принцеза се откажала и од сите скапи ритуали во однос на венчавката. Двајцата ќе продолжат да живеат во САД, момчето ќе работи како адвокат. Двајцата заљубени заедно студирале на истиот факултет.
26.10.2021 - 08:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа