Пукна петарда во Ереван: Барди постигна хет-трик
Пукна петарда во Ереван откако македонските фудбалери со 0:5 ја прегазија селекцијата на Ерменија во квалификациите за Светското првенство.
Хет-трик постигна Енис Барди, а натпреварот го отвори Александар Трајковски со гол во 22 минута. Барди својот прв гол го даде во 36. минута и со тоа Македонија на полувреме замина со резултат од 0:2.
Во второто полувреме Барди од пенал го постигна својот втор гол во 67 минута. Само 12 поминути подоцна гол постигна и Ристовски, а точка на натпреварот постави Барди во 90 минута со што го комплетираше својот хет-трик.
11.11.2021 - 19:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа