Прогласени за валидни повторените избори во Косовска Митровица

 

Повторените локални избори во три избирачки места во Косовска Митровица, кои се одржаа вчера, се поргласени за валидни.

Избирачката активност изнесувала 22,4 отсто, односно на гласање излегле около 5.200 илјади лица. 

Гласачките ливчиња се доставени во Центарот за обработка на податоци. Поради ненадеен прекин на електрична енергија гласачките ливчиња беа ставени под надзор на локалните и странските набљудувачи.

Локалните избори на Косово се одржаа на 3 ноември. Поради инцидентите во трите избирачи единици, во кои упаднаа маскирани напаѓачи, ЦИК одлучи гласањето во нив да биде повторено

18.11.2013 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега