"Летале" казни за македонски фирми кои користеле нишесте за згуснување на киселото млеко

Агенцијата за храна открила фирми кои користеле нишесте за да го згуснат киселото млеко, што е недозволиво. Како што пренесе Нова Македонија. Едната од нив дури и го запишала на декларација, иако ако во ваков производ има нишесте, тоа не може да се вика кисело млеко.

- „Откривме два производители што ставиле нишесте во киселото млеко, а едниот дури и го декларирал. Фирмите се казнети, производите повлечени и дадени им се корективни мерки што мора да ги применат - велат од Агенција за храна, пренесе Нова Македонија.

Употребата на нишесте во производството на кисело млеко не е дозволена. Нишестето е растителен полисахарид и претставува основен резервен шеќер кај растенијата, односно депо на глукоза и нејзин полимер.

18.11.2013 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега