Ги чисти дишните патишта подобро од било што друго: Оваа намирница е моќен природен мелем, сите ја имаме дома
Морската сол, освен како дел од исхраната, се користи и за чистење на дишните патишта, а таа метода се нарекува халотерапија.
Халотерапијата со морска сол може да се спроведува на повеќе начини: преку гаргара со солена вода, испирање или инхалирање на пареа од солена вода. Последната метода воедно се смета и за најделотворна бидејќи најбрзо ги отвора и чисти дишните патишта.
Помага при астма, хроничен бронхитис, настинки...
Инхалирањето на пареа од солена вода помага во ублажување на симптомите на некои болести на дишните патишта како астма, хроничен бронхитис, алергии и ринитис. Истражувањата покажуваат дека спрејовите за нос кои содржат морска сол, како и испирањето на носот со раствор кој содржи морска сол даваат одлични резултати во ублажување на симптомите на синуситис.
Истражувањата биле спроведени со раствор кој содржел сол од Мртво море, која поради своите антивоспалителни својства се покажала како поздрава алтернатива за ублажување на респираторните инфекции. Покрај тоа, минералите од солта го намалуваат воспалението на слузницата на носот и со тоа ја намалуваат затнатоста на носот и дишните патишта.
Гаргара за зачувување на оралното здравје
Морската сол содржи флуорид кој е корисен за здравјето на забите. Флуоридот помага во заштита на забите од делувањето на киселините и го спречува развојот на кариес. Редовното испирање и правењето гаргара со млака вода и морска сол го намалува крварењето на непцата, помага во заздравување на раните во усната шуплина и ја намалува болката во грлото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа