Таксистите кои ќе земаат патници на автобуски станици ќе останат без лиценца за работа

Во Собранието синоќа седница одржа Комисијата за транспорт и врски. На дневен ред на Комисијата беше ставен Предлог-законот за превоз во патниот сообраќај, кој синоќа го помина првото читање. 

Со новите измени, таксистите ќе можат да земаат и оставаат патници само на такси станици, но не и на автобуски, бидејќи доколку бидат фатени два пати како сотаваат или земаат патници на автобуските станици, таксистите ќе можат да останаи и без лиценца за работа.

Новите измени на законот предивидуваат и категоризација на автобусите кои вршат јавен превоз со што ќе им се намалат патните такси на оние кои исполнуваат еко стандарди.

19.11.2013 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега