ФОТО: Македонски лекари се најдоа на насловната страна на "Australian Macedonian Today"

Македонските лекари кои се на едукација во Австралија се најдоа на насловната страница на магазинот на македонски јазик Australian Macedonian Today. Како што пренесува порталот здравство24.мк, на едукација преку проектот на министерството за здравство во болницата St George Private Hospital во Сиднеј,Австралија се проф. д-р Владимир Мирчевски од Клиниката за неврохирургија, д-р Гордана Божиновска Беака од ГОБ 8-ми септември се доусовршува за лапароскопска хирургија, д-р Жарко Спасовски од ГОБ 8-ми септември е на едукација за општа хирургија и д-р Дејан Димитровски од Клиничката болница Битола е на едукација за кардиохирургија, а со нови искуства и знаења ќе се вратат на почетокот на декември.

 

19.11.2013 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега