Тринаесет малолетници осомничени за инцидентите во автобусите на ЈСП

Министерството за внатрешни работи работи на расветлување на инцидентите кои пред неколку дена се случија во автобусите на ЈСП во Скопје. 

Според соопштението од полицијата, по превземените мерки и дејствија за откривање на сторителите, извршените разговори и препознавање на лица, осомничени се вкупно 13 малолетници за инцидентите во автобусите. 

За потсетување, се работи за инцидентот кој се случи месецов на 14. кога неколку насилници со палки влегоа во автобус на ЈСП со број 33 и без причина нападнале 17-годишно момче од Скопје.  Другото дело е извршено на 15.11.2013 година околу 12:40 часот врз 15 годишен ученик во автобус на ЈСП бр.7, каде што од страна на поголема група ученици на негова возраст, без никаков повод и причина почнале да го удираат со боксови во пределот на главата и рацете.

За случајот во автобусот со број 33 се осомничени :А.Ј.(1998), А.З.(1996) и Е.Ј.(1997) од Скопје, Ј.Б.(1997) и М.Х.(1997) од с.Батинци, Е.А.(1997) и Л.Ј.(1997) од с.Грчец и Х.Е.(1997) од с.Студеничани, додека за вториот инцидент се сомничат Е.Ј.(1997) од Скопје, И.И.(1997) и А.Р.(1998) од с.Арачиново, Х.Е.(1997) од с.Студеничани и А.К.(1996) од с.Рашче.

Дел од малолетниците се познати на полицијата како претходни сторители на кривични дела.

Министерството за внатрешни работи интензивно работи на расчистување и на третиот инцидент кој се случи во автобусот на ЈСП број 65.

Со ова, бројот на малолетници кои годинава се откриени и санкционирани заради учества во инциденти се искачи на 150 лица.

19.11.2013 - 11:40
Фото: 
24вести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега