Адеми: Идната година гостиварчани ќе добијат здрава и чиста вода

Министерот за  животна средина Абдилаќим Адеми при посетата на Гостивар најави дека до идното лето жителите на оваа општина ќе пијат здрава и чиста вода.

 Адеми со градоначалникот на Гостивар  разговараа за актуелните проекти за подобрување на водоснабдувањето на оваа полошка општина. Главна тема била довршувањето на филтерската станица во селото Вруток.

- Го информирав градоначалникот дека во буџетот за 2014 година се обезбедени сите финасиски средства за довршување на филтер станицата. Тоа би значело финализирање на проектот и негово пуштање во употреба до средината на идната година, изјави министерот Адеми по посетата на обејктот во кој наскоро ќе почне да се инсталира потребната опрема.

 Бејта искажа благодарност за посветеноста на министерот и Владата за решевање на, како што рече, најгорливиот проблем на граѓаните и притоа нагласи дека следната посета ќе биде по повод пуштањето во употреба на новиот објект.

Заради честите заматувања на изворот на Вардар над 60 илајди жители, се снабдуваа со вода која има лош квалитет. По повеќе децении, решенето се бараше во изградба на филтерска станица и во неколку наврати се одложуваше. Во  2011 година, Министерството за животна средна и просторно планирање отпочна реализација на проект чија вредност надминува 120 милиони денари. Со него е предвидено да се набави современа технолошка опрема, изградба  на објект и поврзување со цевководот.

Министерот Адеми, информираше и дека со завршувањето на проектот "Подобрување на системот за водоснабдување во Гостивар, кој е во тек со финансиска подршка на Владата на Швајцарија од околу 2,5 милинои швајцарски франци, до крајот на идната година, ќе бидат надминати сите проблеми и граѓаните на општина Гостивар ќе добијат редовно снабдување со здрава и чиста вода за пиење.

19.11.2013 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега