Непријатно изненадување: Семејството пронашло отровна змија на новогодишната елка

 

Новогодишната елка во куќата вообичаено е извор на возбуда, но едно јужноафриканско семејство не очекувало „изненадување“ кое демне во нејзините гранки.

Роб и Марсела Вајлд откриле една од најотровните африкански змии на нивната елка и веднаш се јавиле на телефон за да повикаат експерти, објави Си-Ен-Ен.

Само три часа откако ја накитиле елката, виделе дека нивните мачки внимателно ја набљудуваат. Роб Вајлд за Си-Ен-Ен изјавил дека неговата сопруга претпоставувала дека некаде меѓу гранките е скриен глушец, но набрзо откриле дека змија ги набљудувала од гранката.

Вајлд рекол дека „гуглал“ змии во локалното подрачје и сфатил дека нивната елка е дом на една од најотровните африкански змии. Отровот на оваа змија предизвикува крварење и каснувањето може да биде фатално за луѓето дури и по мали количини отров.

Експертот за фаќање змии Џери Хејнс потврди дека се работи за отровница што ја фатил со специјална клешта. Женката била долга помеѓу 1,3 и 1,5 метри.

Змијата била пуштена во дивината следниот ден, а Хејнс мисли дека влегла во куќата во потрага по храна или вода и се засолнила на дрвото откако забележала движење на луѓе и мачки низ куќата.

04.01.2022 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега