Јанев: Наместо со закани Заев да гради земјоделски политики со стратегии

Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија денеска на прес-конференција реагираше на заканите и нападите на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

- Нападите и заканите од господинот Зоран Заев упатени кон претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Никола Стаменов претставуваат недостиг на демократски капацитет и криза на демократска мисла, истакна Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители и додаде дека му препорачуваат на Заев,  да гради политики не со закани, туку со стратегии кои ќе го зачуваат имиџот на македонското земјоделско производство.

Тој зборуваше и за приносите кај оризот од годинашната реколта, каде што има потфрлување. - Затоа е побарано од Владата и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство да направат измена во мерката поддршка во делот за оризопроизводството и доделување средства во износ од 25.000 денари по хектар површина, за да се ублажи недостигот од финансиски средства кај земјоделеците кои произведуваат ориз, рече Јанев. 

19.11.2013 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега