Јелена Ѓоковиќ со потресна порака: „Вдишувам длабоко за да се смирам“

 

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се наоѓа во мигрантски хотел во Мелбурн, каде го чека расплетот на судот по повод жалбата по одбивање на визата од страна на австралиските власти.

Српскиот ас го дочека Божиќ во нехумани услови во озлогласениот хотел, а сега за првпат од почетокот на оваа ситуација се огласи и неговата сопруга Јелена.

Таа со заедничка фотографија на Инстаграм и емотивна порака во описот на истата го честиташе Божиќ и изрази загриженост поради фактот што Новак сè уште не е на слобода.

„Среќен Божиќ на сите кои слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со своите семејства. Посакувам денес моето семејство да беше заедно, но утеха ми е што сме барем здрави. И ние ќе израснеме од ова искуство“, напишала Јелена.

Сопругата на првиот рекет на светот им се заблагодарила на сите на поддршката:

„Ви благодарам драги луѓе ширум светот, што го користите вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Длабоко вдишувам за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за сè што се случува сега. Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме без разлика каде се наоѓаме е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, додала Јелена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

07.01.2022 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега