Се појави документ кој може да го спаси Новак – ова е клучен доказ

 

На најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, му беше одбиена визата за престој во Австралија.

Новак се жалеше на таа одлука, а во понеделник ќе се дознае дали ќе може да игра на Австралија опен.

За тоа време во јавноста се појави документ кој може да го спаси српскиот тенисер.

Поточно се појави објаснување за сите барања кои тенискиот сојуз на Австралија ги имал за невакцинираните тенисери. Сето тоа им било испратено по пат на електронска пошта.

Во него има клучни податоци кои ќе послужат Новак на суд да докаже дека постоел допис од Австралија за чекорите кои играчите требало да ги направат за да добијат дозвола. 

„Документот покажува дека на играчите им биле доставени сите информации и процес од два чекори кои биле неопходни за да играат на турнирот, иако не се вакцинирани. Во него се наоѓа и клаузула по која тенисерите мора да докажат дека прележале коронавирус во претходните шест месеци, што беше основа за медицинскиот исклучок на Новак“, пишува во текстот на австриски „Хералд“.

Меѓутоа проблемот во цела ситуација е тоа што вината се префрла на тенискиот сојуз на Австралија

„Тој меjл е испратен на 7 декември 2021, а австралиските власти веќе ги известиле дека тоа што некој прележал коронавирус не е услов за дозвола. Тајмингот во сето тоа е критичен затоа што покажува дека за цело фијаско е виновен австрискиот тениски сојуз“, пишувa во текстот.

Тоа што е особено интересно е тоа што се бараат два медицински исклучоци, прво за влез во Австралија, второ за учество на турнирот.

И двата документи Новак ги имал, а тоа е јасно поради тоа што да не било така не би влегол во авион и не би се упатил кон друг континент.

08.01.2022 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега