Играч од седма лига му „даде корпа“ на Премиерлигашот
Играч на англискиот седмолигаш Луис, Оли Танер одби трансфер во Тотенхем откако не можел да ги договори личните услуги.
Како што пишуваат медиумите од Островот, ова беше тежок трансфер период за тренерот Антонио Конте, откако неговите најголеми цели, Адама Траоре и Луиз Дијас заминаа во Барселона и Ливерпул.
Спарс се согласи да го потпише Танер претходно оваа недела, но тинејџерот избира да остане со Луис пред крајниот рок за трансфер перидот кој традиционално завршува денеска.
-Фудбалскиот клуб Луис потврдува дека иако се договоривме со клубот од Премиер лигата околу трансферот на Оли Танер, тој не успеа да ги договори личните услови и ќе остане играч на ФЦ Луис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа