Убавините на Охрид претставени на саемот за туризам во Австрија

 

На Саемот за туризам „Травел шоу“ во австрискиот град Ветманштатен, беа претставени убавините на Охрид, како дестинација и дел од ексклузивните кружни туристички тури што ги организира и нуди реномираната компанија за организација на туристички патувања „GEGG Reisen“. На сопствен штанд, Охрид ги презентираше своите туристичките потенцијали преку пропаганден материјал, како и преку богата трпеза со традиционални охридски специјалитети.

На саемот дел беа претставници на Општина Охрид, на ХОТАМ, угостителскиот сектор и медиумите. Делегацијата предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, оствари средби со извршните директори на австриската компанија за организирани туристички патувања. За време на саемот беше договорен и план за натамошна соработка, односно остварување на можноста за организирање на посебна тура кој би била наменета исклучиво за Македонија, со што Охрид би добил уште поголем број на туристи од Австрија кои би оствариле и поголем број на ноќевања во Охрид.

 

20.11.2013 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега