Симптом кој непогрешливо укажува на заболување на црниот дроб

 

Несвесно го уништуваме црниот дроб со нашите секојдневни навики. Доколку не сте сигурни дали овој орган е во добра состојба, обрнете внимание на еден симптом, советуваат експертите.

Според нив, доколку чувствувате чешање навечер, проверете го црниот дроб што е можно поскоро. Чешањето е поврзано со заболување на црниот дроб и има тенденција да се влошува доцна навечер и во текот на ноќта.

Една од задачите на црниот дроб е преку жолчката да ги разградува и излачува материите кои не му се потребни на вашето тело. Ако тоа не функционира, од која било причина, следниот орган што ќе се обиде да се ослободи од жолчните соли е кожата. Вака настанува чешање.

 

Чешањето поврзано со заболување на црниот дроб не предизвикува осип и најчесто се јавува на дланките и стапалата. Се влошува навечер и поради жештините, за време на менструалниот циклус, ако земате хормонска терапија, сте бремени или кожата ви е во контакт со волна.

Други симптоми кои укажуваат дека црниот дроб е компромитиран може да вклучуваат абдоминална болка, повраќање, жолта кожа, замор и проблеми со мускулите.

10.02.2022 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега