Се употребува како зачин и лек: Оваа билка е најголемиот природен антибиотик

 

Ориганото е една од најпознатите билки од Медитеранот и централна Азија со многу лековити својства.

Тоа е лековита билка која се употребува со векови- како зачин и како лек. Се смета и за најголемиот природен антибиотик.

Ориганото како зачин не можете да го избегнете во поголемиот број од рецептите, како на пример месо, риба и салати.

Меѓутоа маслото од оригано и неговите состојки можат да помогнат во превенција на развојот на многу бактерии и габи, воглавно оние кои предизвикуваат грип.

Иако маслото од оригано речиси насекаде може да се најде, треба да внимавате да не го користите подолго од три недели затоа што баш како и антибиотиците тоа може да предизвика вагинални или орални инфекции.

Истражувачите докажаа дека една состојка од ориганото може потенцијално да се користи во терапијата за ракот на простатата. Истражувањата продолжуваат за оваа состојка што побрзо да се примени во процесите на лечење.

Постојат повеќе од 40 видови оригано, во кулинарството најчесто се користи Origanum Vulgare, но за најлековит вид се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи и до 90% активна лековита состојка наречена карвакрол.

17.02.2022 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега