Јанкулоска: Етничката припадност ниту била ниту ќе биде критериум за избор на кадрите во МВР

Министерката Јанкулоска денеска на проверката на моторичките способности на кандидатите за полицајци, изјави дека основен критериум при изборот никогаш не била и нема да биде етничката припадност, туку квалитетите на кандидатите, што е во интерес и на МВР и на државата.

- Нашите вработени никогаш не сме ги делеле по етничка припадност. Во ниту во една апликација или документ не постои поле каде што тие треба да се изјаснат на која етничка заедница припаѓаат. Факт е дека вработените од немнозинските етнички заедници имаат еднакви можности права исто како и сите други вработени во МВР. При последното реструктуирање на БЈБ односно изборот на нови старешини има зголемување на процентот на кандидати, сега веќе назначени лица на позиции, кои припаѓаат на немнозинската заедница, изјави Јанкулоска денеска  по посетата на новите кандидати кои се тестираат  за проверка на моторички способности, како дел од тестирањата за прием на нови полициски службеници.

За оние кои ќе се покажат способни и ќе ги исполнат критериумите, нема да има никаква пречка да напредуваат, додава Јанкулоска.

20.11.2013 - 14:37
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега