3 најрани симптоми на болест на бубрезите: На овој начин телото ви порачува дека вашето здравје е сериозно загрозено

 

Болестите на бубрезите ретко кога се проследени со симптоми, а се смета дека речиси 90 отсто од луѓето воопшто не знаат дека имаат болест и не се лекуваат, сè додека не стане доцна.

Постарите од 60 години, хроничните болни, пациентите кои имаат дијабетес тип 2, висок крвен притисок и автоимуни болести како лупус, се изложени на поголем ризик од развој на болест на бубрезите. Редовните прегледи се единствениот начин да се спречат посериозни оштетувања на бубрезите.

Во случај да забележите некои од овие симптоми, би требало што побрзо да се обратите на лекар:

Ноќно мокрење

Во текот на денот, како последица од долгото стоење или седење, се таложи течност во зглобовите и во листовите на нозете. Таа течност во текот на ноќта стигнува до бубрезите, кои поради оштетувањето не се во состојба да ги филтрираат отпадните продукти. Како последица на тоа, кај некои луѓе се појавува зголемена потреба за ноќно мокрење. Ако во текот на ноќта станувате неколку пати за да уринирате, побарајте лекарска помош. Важно е да имате на ум дека и внесувањето течности во вечерните часови може да предизвика ноќно мокрење.

Отекување на телото

Оштетените бубрези не можат да ја филтрираат солта, поради што доаѓа до отоци (едеми) на зглобовите, стапалата и нозете, вели д-р Роберт Гринвел, шеф на нефрологија во „Mercy Medical Center“ во Балтимор. Особено во утринските часови, можна е појава на отоци околу очите. Големата количина на протеини може да ја наруши работата на бубрезите, а утврдено е дека луѓето со висок крвен притисок и дијабетес тип 2, како последица на вишок протеини, чувствувале болки во бубрезите. Високи нивоа на протеини содржат намирници како што се месо, риба, јајца и млечни производи.

Умор

Анемијата е често еден од првите знаци на заболување на бубрезите. Здравите бубрези го лачат хормонот еритропоетин кој ѝ испраќа сигнал на коскената срж да создава црвени крвни зрнца. Сепак, ако е нарушена функцијата на бубрезите, тие не лачат доволна количина на еритропоетин, а како последица на тоа доаѓа до намален број на црвени крвни зрнца. Анемијата е честа во средните стадиуми на болеста. Обратете се на лекар ако имате симптоми на слабокрвност како што се вртоглавица, послаба концентрација и бледа кожа. Со лабораториски тестови на крвта се проверуваат нивоата на хемоглобин кој е составен дел од црвените крвни зрнца.

Состојбата се лекува со одреден начин на исхрана, со лекови и суплементи. Во случај на анемија, се советува да се провери и работата на бубрезите, со тест што ја утврдува брзината на гломеруларната филтрација (ГФР). Со едноставен тест се мери нивото на креатинин и албумин во крвта, а предвид се зема полот и возраста на пациентот. Врз основа на резултатот на овој тест, лекарот може да одреди во која фаза е болеста на бубрезите. Ниските вредности на ГФР значат дека ризикот од развој на болеста е поголем.

17.02.2022 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега