Некои луѓе ниту по 2 години од пандемијата не се заразиле со Ковид-19 – ова ги штити и „разликува“ од останатите

 

Пандемијата на Ковид-19 влијаеше на сите аспекти од нашите животи во последните неколку години, а присутен е и константен страв од заразување, карантини, изолации, закрепнување и потенцијални пост-ковид симптоми.

Сепак, некои луѓе успешно го избегнуваат Ковид-19 цели две години.

Додека милиони луѓе ширум светот се соочиле со инфекција на Ковид-19, други изградиле свој имунитет по пат на вакцина, но сè уште постојат и луѓе кои досега не се заразиле со инфекцијата, пренесува „Блиц“.

Поради тоа многумина се прашуваат зошто одредени луѓе не се заразиле со вирусот досега, иако дури и биле изложени на него?

Не постои официјална причина дека некои луѓе можат да бидат отпорни на инфекцијата на Ковид-19, дури и доколку имале близок контакт со заразена личност.

Меѓутоа, ново истражување кое неодамна било спроведено на Универзитетски колеџ во Лондон би можело да го расветли прашањето во одредена мера.

Реакцијата на „Т-клетките“ настанати во тек на настинка

Ова би можело да биде поврзано со реакцијата на нивните Т-клетки, бели крвни зрнца во нашите тела кои ни помагаат да се бориме против инфекциите, поради претходна изложеност на други корона вируси, како што е и обичната настинка.

Истражување од ноември 2021 година сугерира дека Т-клетките кои настанале кај некои луѓе во текот на борбата со настинка, можат да се активираат кога вирусот ќе биде во телото. Тоа им помага на луѓето да го „исчистат“ вирусот од телото пред истиот да направи сериозна штета.

Била спроведена студија на 730 здравствени работници во текот на првиот бран на пандемијата, а резултатите покажале дека 58 од нив не биле позитивни на Ковид-19 и покрај тоа што биле опкружени во висок ризик од вирусот.

Се смета дека истражувањето би можело да се користи за правење нови вакцини кои ќе се фокусираат на Т-клетките, наместо на антителата, што потенцијално би можеле да дадат долготрајна заштита.

„Важно е сите да направиме сè што е можно за да се заштитиме и себеси, но и другите луѓе“, велат од Националниот завод за јавно здравје во Велика Британија.

Секако, доколку развиете симптоми кои може да укажуваат на Ковид-19, секогаш треба да направите ПЦР тест и да се самоизолирате додека не ги дознаете резултатите.

Официјалните симптоми според британскиот завод се: континуирана кашлица, температура и губење на сетилото за мирис или вкус, а се наведува и дека симптомите за омикрон сојот вклучуваат: болка во грлото, сува кашлица, потење во текот на ноќта, благи болки во мускулите и умор.

17.02.2022 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега