Го намалува нападот на глад, го зајакнува имунитетот и ги лекува непцата: Ова масло е совршен додаток во исхраната

 

Здравствените придобивки на циметот се одамна познати, па затоа не е ни чудно што маслото од овој зачин има бројни благотворни дејства на нашето здравје.

Го зајакнува имунитетот

Поради антиоксидансите, но и манганот, калциумот, влакната и железото, маслото од цимет го зајакнува имунитетот. Покрај тоа, има антибактериски, антивирусни и антигабични својства.

Го стабилизира шеќерот во крвта

Истражувањата покажале дека консумирањето суплементи од цимет два пати дневно во период од 90 дена, може да го подобри нивото на хемоглобин А1Ц кај оние што страдаат од дијабетес. Маслото од цимет ги има истите придобивки кога станува збор за стабилизацијата на нивоата на шеќер во крвта.

Ги намалува нападите на глад

Само две капки масло од цимет разредени во топла вода, ја намалуваат желбата за прејадување, особено навечер. Истиот ефект го има и самиот мирис на масло од цимет, доколку вдишете малку од него пред самиот оброк. Маслото од цимет го намалува апетитот и го спречува прекумерното јадење.

Го поттикнува зараснувањето на раните

Иако истражувањата покажале дека маслото од цимет го забрзува зараснувањето на раните, тоа исто така содржи и состојки што можат да предизвикаат иритација. Затоа, не нанесувајте масло директно на кожата, туку користете го во вид на облоги.

Го подобрува варењето

Пиењето топла вода со неколку капки масло од цимет го забрзува варењето и ја спречува појавата на констипација.

Ги ублажува габичните инфекции

Поради состојките што ги содржи, маслото од цимет ги намалува габичните инфекции на кожата и ноктите. Меѓутоа, исто како и со зараснувањето рани, не нанесувајте го маслото директно на кожата.

Лекува болести на непцата

Маслото од цимет има антибактериско дејство што ја спречува појавата на кариес и болести на непцата. Измешајте неколку капки масла со паста за заби или само нанесете масло на четкичката и измасирајте ги непцата и забите.

17.02.2022 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега