Џафери-Скаре: Имплементацијата на родовата рамноправност е исклучителна вредност

Денеска министерот за одбрана на Македонија се сретна со Мари Скаре, специјален претставник на генералниот секретар на НАТО за жените, мирот и безбедноста.

На средбата било потенцирано дека Министерството за одбрана на Република Македонија настојува да ги почитува стандардите за вклучување на жената во сите аспекти од одбраната. За таа цел имаме Национален акционен план за спроведување на Резолуцијата 1325, а донесени се и дополнителни документи за практично имплементирање на истата.

Како пример за почитување на родовата рамноправност во областа на одбраната министерот Џафери го спомена и првиот Конкурс за обука на пилоти, на кој еден од четирите селектирани кандидати е припадничка на понежниот пол.

- Наша заложба е да постојат еднакви можности за сите кандидати, и затоа очекуваме во следните конкурси во однос на бројот на жени да имаме поинаков сооднос, додаде министерот Џафери.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО, Скаре, се заблагодари за преземените активности и посочи дека НАТО и Македонија имаат заедничка цел кога станува збор за имплементацијата на родовата еднаквост.

Осврнувајќи се на улогата, како и големите можности за влијание врз жените и децата во услови на конфликт, од аспект на спреченоста за образование и појавата на насилство од секаков тип, таа истакна дека од исклучителна важност е на жените да не се гледа само како на жртви, туку и на придонесувачи.

 

најчитано сега