Бесими се сретна со НВО секторот за Извештајот и Акцискиот план

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска разговараше со претставници на невладините организации за Извештајот за напредокот на земјата, како и за следните чекори кои ги презема Секретаријатот за европски прашања во насока на дефинирање на Акциски план и подготовка на Национална програма за усвојување на правото на Европската унија – НПАА за 2014 година.

- Процесот на европска интеграција е инклузивен процес, бара вклученост од сите страни кои можат да придонесат во насока на зајакнување на јавната визибилност и да влијаат поттикнувачки на процесот. Имањето на отворен, транспарентен и инклузивен пристап може само да ни помогне во нашата крајна цел што поскоро зачленување во Европската унија, истакна Бесими на средбата.

На средбата, како што соопшти Кабинетот, беа иницирани бројни позитивни и негативни критики и идеи, од кои во иднина би можело да произлезат конкретни чекори. 

20.11.2013 - 16:22
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега