Испијте чаша медена вода наутро на празен желудник: Ќе ги доживеете овие 6 промени
Доволно е наутро штом се разбудите, на празен стомак, да додадете лажиче мед во чаша топла вода, да промешате и да ја испиете.
Како дејствува ова на организмот?
Топење масни наслаги
Медената вода може да ви помогне да ги елиминирате вишокот килограми. Шеќерот што го содржи медот е од природно потекло, па затоа е здрав извор на калории. И не само тоа, тој ќе ви помогне да не потклекнете на искушенија кога станува збор за други слатки напивки.
Газираните и другите слатки сокови се преполни со празни калории, а ако одбегнете да ги внесувате, побрзо ќе ги елиминирате масните наслаги. Тоа нема да се случи преку ноќ, но во секој случај е добро за вас на долги патеки.
Подобра дигестија
Чашата млака вода во комбинација со лажиче мед наутро на празен желудник, ќе ви помогне да ја регулирате дигестијата. Антисептичките својства на медот помагаат во ублажувањето на киселините во желудникот, истовремено зголемувајќи го производството на цревната слуз. Напивката е заслужна и за хидратација на дебелото црево. Сето ова ја регулира дигестијата и ја спречува појавата на констипација.
Појак имунитет
Медот е фантастично природно средство што ги елиминира бактериите. Преполн е со ензими, витамини и минерали, кои се на првата линијата на фронтот во борбата против бактерии. Во комбинација со топла вода, дополнително се засилуваат споменатите својства.
Ублажување алергии
Со користењето локален мед, всушност, ќе го приспособите организмот на поленот што се наоѓа во вашето поднебје. Тоа ќе ви помогне да ја намалите осетливоста на алергиите присутни во животната средина. Топлата вода овде не е од пресудно значење, но многу е важна за хидратација.
Ублажување воспаленија на грлото и кашлица
Медената вода може да ви помогне да ја ублажите болката и иритацијата на грлото, како и да ја намалите кашлицата. Таа е многу подобра и поделотворна од пастилите, бидејќи не предизвикува никакви несакани последици.
Прочистување на лицето
Исчистете го лицето со медена вода. Таа ја негува кожата, оставајќи ја нежна, свиленкава и мека. Ова е одлична природна козметика со мед, уште од дамнешни времиња, но сè уште актуелна.
Како да приготвите медена вода?
Едно чајно лажиче мед промешајте го во чаша млака вода (обична вода од чешма). Ќе добиете 30-процентен раствор на мед, кој по состав е идентичен на крвната плазма. Медот во водата формира гроздово соединение (ја структуира водата), што ги зголемува нејзините лековити својства. Научно докажано е дека медената вода брзо и целосно се апсорбира во организмот.
Медената вода за превентивни цели треба да се пие наутро, на празен желудник. Треба да се испие многу брзо. Тоа е важно. Сфинктерот (вентилот) на желудникот веднаш се отвора и водата стигнува во цревата, по што се апсорбира во крвотокот.
Медената вода вообичаено се пие наутро, штом се разбудите и навечер пред спиење. Не плашете се да пиете вода пред спиење, бидејќи таа ја спречува појавата на отоци, затоа што ги растоварува бубрезите.
Водата секогаш пијте ја свежо приготвена. Никогаш не приготвувајте ја однапред!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа