Оваа храна е смрт за црниот дроб: Македонците ја обожаваат

 

Болеста на замастениот црн дроб има два облика, едниот ги погодува луѓето што претерано консумираат алкохол, но другиот облик може да се појави и кај луѓе кои не пијат, а за сè е виновна исхраната.

Неалкохолната болест на замастен црн дроб подразбира дека сите маснотии се насобрале во црниот дроб и ги загрозиле неговите функции, а еден производ е особено погубен за овој важен орган во телото.

Црвеното месо може да го зголеми ризикот од неалкохолна болест на замастен црн дроб, наведува истражување во журналот „Клиничка исхрана“. Истражувањето опфатило податоци на дури 78.000 жени, собирани во период од две децении и било утврдено дека они жени што јаделе месо само еднаш неделно биле изложени на многу помал ризик од појава на оваа болест.

Жените што јаделе црвено месо повеќе пати неделно, па дури и секој ден, биле далеку повеќе изложени на ризик од болест на замастен црн дроб.

Нутриционистите и лекарите предупредуваат и дека не е сеедно во кој облик го консумирате месото. Свежото месо предизвикува помал ризик од обработеното, како што се сувомеснатите производи.

Во нив има цела низа на лоши состојки кои го ослабуваат имунитетот и го зголемуваат ризикот од хронични заболувања.

„Потребни се уште истражувања за да се утврди точната врска помеѓу црвеното месо, преработеното месо и болестите на црниот дроб. Но сите би ги советувала да јадат повеќе растителни протеини, помалку рафинирани јаглехидрати и месото да го третираат како колач – да го јадат само одвреме-навреме“, рекла диететичарката Кристин Киркпатрик.

Неалкохолната болест на замастениот црн дроб најчесто не предизвикува никакви симптоми додека не биде во напредна фаза, па ако сте загрижени, консултирајте се со лекар. Неколку знаци на предупредување се хорничната исцрпеност и болката во горниот десен дел на абдоменот.

21.02.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега