Од први март поевтино зонското паркирање во Скопје
Советниците на денешната 5-та седница ја разгледаа информацијата за состојбите во ЈП Градски паркинг Скопје, и дадоа согласност на Одлуката за измени и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ова претпријатие. На седница на Управниот одбор на претпријатието претходно беше донесена одлука за намалување на цените во зоните на паркирање во градот, што денеска беше изгласана од советниците на Град Скопје.
Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.
Ваквата одлука за намалување на цената на паркирањето во Скопје ќе се применува од 01.03.2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа